ВИДЕО: Марега го однесе Порто на врвот, Санта Клара минимално поразена на „Драгао“

Првакот на Португалија нема намера да го предаде пехарот без борба. Три дена по елиминацијата до Лигата на шампионите, Порто на Серџо Консеисао запиша нов триумф во Примеира и барем до понеделник и дуелот на Бенфика со Маритимо, изби на челната позиција.

„Змејовите“ го совладаа тимот на Санта Клара со 1-0 (1-0) во рамките на 30. коло, а автор на единствениот гол беше интернационалецот од Гвинеја, Муса Марега во 18. минута.

  • Извештај од натпреварот:  

„Сино-белите“ се изнапромашија и дури и можеа да бидат казнети, но во финишот на првиот дел оправдано беше поништен голот на гостинскиот напаѓач Мануел заради недозволена позиција.

Стефан Ристовски и неговиот Спортинг синоќа славеа во Мадеира со 0-1 (0-1) со голот на Луиз Фелипе во 63. минута.