ВИДЕО: „Маракана“ разочарана, Црвена Звезда прокоцка победа против Копенхаген! 

Фудбалерите на Црвена Звезда не успеаја да ја продолжат низата на одличните игри во овосезонските квалификации за Лигата на шампионите. По победите и елиминациите на Судова и Хелсинки, „црвено-белите“ одиграа нов солиден натпревар пред својата публика, но не се изборија со предност да патуваат за Данска, на реванш средбата против Копенхаген, затоа што првите 90 минути заврши со 1-1.

  • Извештај од натпреварот:

Легендарната „Маракана“ повторно беше исполнета речиси до последно место, а фановите од првата до последната минута пулсираа со домашните фудбалери, но на крај со разочарување го напуштија стадионот. 

Звездашите тактички добро ги спроведоа барањата на тренерот Милојевиќ, ја контролираа играта, креираа шанси, имаа и водство, но искусните Данци ги дочекаа своите минути и во 83. минута се изборија за поволни 1-1. Мечот започна со доминација на домаќините. Капитенот Марко Марин ја имаше првата посериозна шанса, но публиката на гол се радуваше пред крајот на првиот дел, кога Милан Павков на среќен начин го надмудри гостинскиот голман и донесе водство за Црвена Звезда. 

Во вториот дел Копенхаген заигра поангажирано и поконкретно и од единствениот удар во рамките од голот на Звезда стигна до погодок. Стрелец на израмнувачките 1-1 беше напаѓачот Жонас Винг, погодувајќи од пенал. Црвена Звезда право на поправен ќе има за една седмица, за кога е закажан реваншот во Данска.

Екипата на Бриж успеа да го искористи домашниот терен и се избори за минимални 1-0 во дуелот против украински Динамо Киев. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Ванекан во 37. минута. 

  • Извештај од натпреварот: