Марадона: Жал ми е што италијанскиот шмек нема да блесне во Русија!

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, жали што четирикратниот светски шампион, Италија, нема да биде дел од претстојниот Мундијал во Русија. 

Како што вели, „азурите“ секогаш даваат посебен шарм на Светските првенства и штета што традицијата по цели 60 години е прекината. 

„Навистина многу ми е жал што Италија не се пласира на Светското првенство. Таа е селекција која секогаш даваше посебен шмек на ваквите настани. Што се однесува до мечот со Шведска, Италија одигра баш онака како што Швеѓаните сакаа, а тоа е со нафрлени топки од по страните. Шведска во тимот имаше неколку високи дефанзивци кои одиграа перфектно“, вели Марадона. 

„Азурите“ во својата историја претходно само уште двапати не учествуваа на еден Мундијал - пред скоро 80 години во Уругвај и во 1956 во Шведска.