Марадона по 24 години се врати да биде тренер во Аргентина

Легендарниот Диего Армандо Марадона се врати да работи во татковината и ќе биде тренер во Аргентина по 24 години.

Еден од најдобрите во историјата на фудбалот во наредниот период ќе ја води екипата на Химнасија Ла Плата.

Популарниот „Ел Пибе“ ќе се обиде да го спаси клубот од кризата, затоа што Химназија се наоѓа на последното 24 место на табелата.

Марадона последниот ангажман го имаше во мексикански Дорадос, но во јуни замина поради операција.