Марадона го презема Динамо Брест: Сакам „селфи“ со Лукашенко!

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона официјално во иднина ќе биде тренер и директор на белорускиот тим Динамо Брест.

57-годишниот Марадона се согласи да потпише тригодишен договор со Динамо Брест, а веста за новиот ангажман ја сподели на социјалните мрежи. Веднаш потоа, истата доби и потврда од клубот. На првата конференција, Марадона посака да има фотографија и со Александр Лукашенко, првиот човек на земјата.

„Им благодарам на сите на довербата што ми ја дадоа. Сакам да направам „селфи“ со претседателот Лукашенко, се надевам дека тој ќе стане наш навивач. Во оваа земја можам да живеам без никаков проблем“, изјави Марадона.

Аргентинецот последниот ангажман го имаше во ОАЕ, каде работеше во Ал-Фуџејра. Динамо Брест е основан во 1960 година, Тимот има големи финансиски проблеми, но најавено е дека во него ќе се инвестира од катарски инвеститор.