Марадона доби луксузен дом, чартер летови и два милиони годишно од Дорадос!

Една од најголемите фудбалски легенди, Диего Армандо Марадона повторно му се врати на клупскиот фудбал и оваа сезона ќе биде на чело на мексиканскиот второлигаш Дорадос. 

Аргентинскиот стратег е пред голем предизвик и главна задача ќе има да го одведе клубот во кремот на мексиканскиот и јужноамериканскиот фудбал. За оваа задача Марадона доби сè што побара од раководството на Дорадос. Годишно ќе заработува по два милиони долари, доби луксузен дом со базен, а екипата на секое гостување ќе патува со чартер летови. 

Дорадос тргна очајно во новата сезона и по шест одиграни кола има исто толку порази и е последна на табелата. Марадона како фудбалер правеше чуда на теренот, па сега се поставува прашањето колку го може тоа како тренер.

Дали големата инвестиција на раководството на клубот ќе се исплати, ни преостанува да видеме, но дефинитивно доведувањето на Марадона е голем исчекор на малиот и не така популарен клуб.