ВИДЕО: Манолас му покажа три прсти на Суарез и го „пецна“ за поразот во ЛШ

Манолас Суарез

Барселона убедливо го победи Наполи на пријателски натпревар во Мичиген (САД) со фуриозно второ полувреме, во кое постигна четири гола. Нашиот Ељиф Елмас доби шанса да одигра 45 минути.

Моментот на мечот пристигна уште во првиот дел кога дефанзивецот на италијанската екипа Костас Манолас имаше мала расправија со Луис Суарез.

Гркот, кој е поранешен фудбалер на Рома, го потсети уругвајскиот напаѓач на болниот пораз во Лигата на шампионите. Пред две сезони, токму тој го реализираше третиот погодок со кој екипата од „Олимпико“ ги елиминира Каталонците, иако имаше висока негатива од 4-1 од гостувањето во Шпанија.

Погледнете го моментот: