• Иван Димовски

Фудбалерите на Работнички славеа на гостувањето кај Брера (3-4) во претходното коло, а таа победа ги зголеми надежите за опстанок во ПМФЛ. Сепак, т Но, тие бодови нема да вредат ништо ако денеска не се надополнат со уште нови три, со триумф над последнопласираниот Шкупи.
Работнички е единствениот тим кој не успеа да го победи Шкупи во првиот круг од шампионатот, играјќи 1-1 на мечот што се одигра во Струга
„Работнички нема друг избор, едноставно мора да оди на победа на секој натпревар. Веруваме дека ќе успееме да славиме, иако во никој случај не го потценуваме противникот“, порачува офанзивецот Никола Манојлов.
По подолг период, Работнички се враќа како домаќин на Арената „Тодор Проески“, а натпреварот со Шкупи е закажан од 12:00 часот.






