• Саше Љолес
Фудбалерот на Вардар, Михаил Маневски, го прокоментира реванш-натпреварот во Лигата на шампионите против финскиот Купс (2-3), изразувајќи разочараност за пропуштената шанса и елиминацијата во првата рунда.
Вардарци имаа 0-2 на гостувањето во Куопио, но потклекнаа во дополнителното време и се враќаат во Скопје со пирова победа.
„Натпреварот во Финска го одигравме добро. Успеавме да победиме, но за жал со недоволна разлика да одиме понатаму. Во текот на мечот се држевме добро, но во продолжението на виделина излезе оној плус што КуПС го имаше уште пред овој двомеч - тоа е што е во натпреварувачки ритам.
Сега ги продолжуваме европските настапи во Конференциската лига, каде следи двомеч со летонска Рига. Ќе го дадеме најдоброто од себе, првиот меч ни е дома и ќе се бориме да ја поправиме сликата пред нашите навивачи“, изјави Маневски.
Вардар ќе се соочи со летонската Рига на 23 јули. Првиот натпревар се игра во Скопје.










