Маневски веднаш блесна, Пелистер славеше на тест-мечот со Беласица

По минималниот пораз од Струга Трим Љум, македонскиот второлигаш Пелистер им се врати на победите во летните подготовки за новата сезона. 

Во Битола падна екипата на Беласица, која беше победена со сигурни 3-1. Битолчани подобро го отворија мечот, наметнаа силно темпо на игра, кое резултираше со два гола во мрежата на гостите уште во првиот дел. Творец на истите беше повратникот во зелено-белиот дрес Борче Маневски, кој веднаш се наметнува како прва опција за напаѓачката позиција. 

Во вториот дел Беласица успеа да ги консолидира редовите и преку Мартин Мирчевски намали на 2-1, но Пелистер веднаш возврати и Благојче Љамчевски ги постави конечните 3-1.

До крајот на подготовките Пелистер го чека уште два контролни натпревари. На 11 ќе се надигрува со Тиквеш, додека шест дена подоцна ќе се судри со Охрид. Следен противник на Беласица е тимот на Кит Го.