Маневски: Вардар игра во серија без пораз, така и ќе остане по Тиквеш!

Фудбалерите на Вардар го дочекуваат Тиквеш во средбата од 13. коло на ПМФЛ

Во пресрет на мечот со кавадарчани своите очекувања ги изнесе бекот Михаил Маневски. Тој се осврна на серијата без пораз, посакувајќи истата да продолжи. 

„Нашата серија на мечеви без пораз е сеуште активна. Тоа не смее никој да го заборави. Вардар нема пораз, и според мене така и ќе остане. Нашата цел се знае. Победа на секој меч, освојување бодови, и нормално, лидерска позиција. Тоа е Вардар. Респект за Тиквеш, тимот каде што настапував пред да пристигнам во Вардар. Тоа не е тим кој што треба да е на самото дно на табелата има далеку повеќе квалитет, но сепак, според мене тоа нема премногу да ги промени нештата денеска на Арената. Вардар оди на победа како и секогаш“, изјави Маневски. 

Вардар во средбата со Тиквеш доаѓа по победите против Шкендија, Силекс и Пелистер, додека тимот од Кавадарци пред пет дена славеше против Работнички.