Маневски со нов гол му обезбеди опстанок на косовски Балкани

Македонскиот напаѓач Борче Маневски е спасителот на косовскиот Балкани. Имено, битолчанецот го постигна вториот гол во победата над Дрита со 2-0, погодувајќи во 50. минута за заверка на триумфот. Ова е петти гол во сезоната за еден од најдобрите стрелци во историјата на ПМФЛ, сигурно најважниот, бидејќи Балкани директно обезбеди опстанок и нема да игра бараж.

Со овој натпревар веројатно зависи оваа епизода од кариерата на Маневски, кој е на истек на договорот со Балкани, а интерес за неговите услуги има од други клубови од Косово и од ПМФЛ.

33-годишниот Маневски во кариерата настапуваше во Полска, Србија, Тајланд, Малта, а во Македонија го носеше дресот на матичниот Пелистер, Победа, Вардар, Работнички, Милано. Одигра и осум натпревар за најдобрата македонската репрезентација.