Маневски си замина од Балкани, Косово или ПМФЛ следна дестинација

По една сезона во дресот на Балкани од Косово, искусниот напаѓач Борче Маневски го напушти клубот, откако со своите голови обезбеди опстанок во лигата. Маневски заминува на истек од договорот и тоа со исполнети цели во своето прво косовско искуство.

Сепка, тоа не значи дека ќе ја напушти и косовската Суперлига, со оглед на тоа што интерес за неговите услуги има од неколку клубови од нашето соседство. 33-годишниот офанзивец е интересен и за клубовите од ПМФЛ, кои го контактираа и втора опција му е да се врати во татковината.

Поранешниот репрезентативец на Македонија во својата професионална кариера беше дел од Пелистер, Победа, Милано и Вардар во македонскиот фудбал, додека во странство играше во Горник Забрзе и Банат, како и тајландските Чаинат и Трат.