Маневски повторно ќе игра надвор од Македонија, потпиша со косовски Балкани

Борче Маневски

Искусниот македонски фудбалер, Борче Маневски, ќе ја продолжи кариерата надвор од Македонија во дресот на новиот косовски прволигаш, Балкани.

По една година во прилепска Победа и една во матичниот Пелистер, 32-годишниот офанзивец се обврза на едногодишен договор со тимот кој во наредната сезона ќе се натпреварува во најдобрата лига во Косово. 

Поранешниот репрезентативец на Македонија во својата професионална кариера беше дел од Пелистер, Победа, Милано и Вардар во македонскиот фудбал, додека во странство играше во Горник Забрзе и Банат, како и тајландските Чаинат и Трат.

За Пелистер во изминатата сезона одигра 12 меча и постигна четири гола.