ВИДЕО: Маневски играше со рака, но Скопје не доби пенал – а потоа Ангелов казни!

Фудбалерите на Скопје и Вардар се судрија во натпреварот од деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига. Првиот дел привлече внимание поради две ситуации.

Течеше 16. минута кога со рака играше Михаил Маневски, но во пад по удар на противник кон голот. Судијата Фуркан Идризи прво покажа на белата точка, па сигнализира офсајд. Сепак, доби повик од ВАР собата да ја прегледа ситуацијата, недозволена позиција немаше и одлуката да не покаже на единаесет метри ја донесе Идризи. 

Набргу потоа Скопје успеа да поведе со голот на Виктор Ангелов. Напаѓачот се најде на вистинската позиција по ниска топка од Али Адем и го матира Давор Талески за 1-0 во 26. минута. 

За Ангелов ова беше прв погодок во дресот на Скопје оваа сезона во ПМФЛ.