Манев: Заслуживме бод кај Шкендија, но понекогаш резултатот изостанува

Јован Манев

Шкендија сго одбрани домашниот терен од Брегалница Штип. Единствениот погодок вреден победа за бранителот на титулата го постигна Јан Кривак.

Гостите не беа незадоволни од прикажаната игра во Тетово. Тоа го потврди Јован Манев со неговата изјава по судирот со „црвено-црните“.

„Сакам да ѝ ја честитам победата на Шкендија, иако и ние заслуживме барем еден бод. Покажавме голема борбеност. Но, понекогаш и кога се игра добро, резултатот изостанува. Сега сме насочени кон средбата од Купот со Силекс. Наша цел е да се пласираме во големото финале“, рече младиот дефанзивец.

Брегалница е шеста на ПМФЛ-табелата, со 22 бода по четиринаесет одиграни натпревари од тековната сезона.