Манев: Со голема борба и силен напор до добар резултат во Гостивар!

Македонија Ѓорче Петров ќе има тешка задача во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига и ќе гостува кај амбициозниот тим на Гостивар.

„Лавовите“ забележаа три порази на последните четири натпревари и ќе се обидат да го поправат впечатокот пред зимската пауза, а оптимистички расположен во пресрет на мечот е и дефанзивецот Коста Манев, кој смета дека неговиот тим има сили за позитивен резултат. 

„Играме против добар противник кој знае што сака, но ние имаме цел и можеме да ја постигнеме само со борбена игра и силен напор. Само така ќе успееме да се вратиме од Гостивар со позитивен резултат“, вели 30-годишниот стопер на ѓорчепетровци. 

Гостивар е во одлична серија од десет натпревари без пораз и сигурно ќе има големи амбиции во пресметката со Македонија ЃП, но и гостите од Скопје не се воопшто наивен тим и тука очекуваме голема битка за бодовите. Натпреварот е закажан за деветти декември, со почеток во 13:00 часот.