• Мартин Танасковски
Кочанчанецот Јован Манев собра сили и говореше за медиумите пред натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија кој се игра во рамки на квалификациите за СП 2026. Дефанзивецот на Ријека истакна дека ова се мног тешки денови за него лично и за Македонија, затоа што сите загубиле пријатели.
„Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас, загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и ако ми се укаже шанса на мене и на моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив. Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот“, изјави Манев.
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра на 22 март во Вадуц и ќе биде прв од циклусот за пласман на светскиот шампионат во 2026 година. Потоа, следи домашен дуел со Велс, закажан на 25 март.