Манев: Одличната игра на Брегалница не е случајна, таа е плод на напорна работа

Јован Манев одигра солидна партија против тимот на Осогово и во победата на својата Брегалница учествуваше со прекрасен погодок.

Одличниот дефанзвиец уште на стартот на сезоната на ВМФЛ – Исток веднаш се наметна како еден од најдобрите во штипскиот табор, а како што вели тој сето тоа ќе биде дополнителен мотив плус за настапите на следните натпревари.

„Овие игри и резултати воопшто не се случајни. Сето тоа е плод на работата на новото раководство кое ни овозможува одлични услови за работа, но и на макотрпната работа на тимот низ летните подготовки како и огромната поддршка која ја имаме од навивачите. Целата таа комбинација ги носи резултатите преку кои секако сакаме битка за влез во Првата лига“ - вели Манев.

„Сините“ утре во третото коло ги очекува пресметката со Питу Гули на игралиштето Могила во Прилеп.

„Подготвени сме за тој дуел. Не сакаме да потцениме ниту еден противник но верувам дека ќе стигнеме до нова победа. Силно сакаме победничката серија да продолжи и во Прилеп“, заврши Манев.

Брегалница од денеска ќе биде во Прилеп каде екипата ќе биде во карантин одработувајќи го и официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар.