• Зоран Мишевски
Македонскиот репрезентативец Јован Манев ќе ја засили хрватската екипа Ријека, клуб кој моментално е лидер во шампионатот на Хрватска. Трансферот доаѓа откако Адана Демирспорт банкротираше и дефанзивецот е слободен да ја избере својата нова средина.
За кочанчанецот хрватскиот шампионат е познат, со оглед на тоа што веќе настапуваше како позајмен играч во Осијек. Во хрватскиот шампионт Манев одигра седум натпревари или 495 минута.
Низ својата кариера Манев настапуваше за Осогово и Брегалница во Македонија, додека пак во странство настапуваше за Адана Демирспорт во Турција и Осијек во Хрватска. Ријека оваа сезона сака да ја освои шампинскатата титула, а конкуренти ѝ се Хајдук и Динамо Загреб.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.