• Иван Димовски

Македонскиот репрезентативец Јован Манев ги одигра првите минути во дресот на Ријека, откако влезе во игра во 60. минута на гостувањето кај Осијек (0-2).
Новиот тим на Македонецот стигна до двојна предност во првото полувреме преку Чоп и Јанковиќ, па имаше сигурно водство во продолжението. Тренерот Ѓаловиќ по еден час игра му даде шанса на Манев да дебитира, па тој го доигра мечот до крај.
Ријека забележа победа по два врзани порази, а со тоа го искористи киксот на Хајдук и го презеде врвот на табелата.
Сега тимот на Манев има 42 бода, второпласиран е Хајдук со 41, а Динамо Загреб има 38.