Мане: Спремни сме и за Челзи со Канте и без него

Најзаслужни за европската титула освоена минатата сезона беа ведетите на Ливерпил, Садио Мане и Виргил Ван Дајк. Двајцата го најавија натпреварот од Суперкупот против Челзи како прв голем предизвик за младата екипа на Клоп сезонава.

Сенегелецот не штедеше зборови за пофалба околу квалитетите на фудбалерите на Челзи.

„Можеби Истанбул ни носи среќа, нека биде така среќен и утревечер. Го гледам натпреварот со Манчестер во неделата, но не беше баш така лесно и извесно како што изгледаше. Мислам само на Ливерпул, не го познавам најдобро ривалот, но Канте е многу важен за нив. Ќе бидеме спремни за Челзи и со и без Канте. Спремен сум и очекувам дека утре ќе почнам од првата минута“, смета Сенегалецот. 

Дефанзивецот Ван Дајк смета дека нема тајни меѓу двете екипи, иако Челзи го смени тренерот и многу фудбалери во ростерот. 

„Добро се знаеме, но ова е само еден натпревар и никој не може да претпостави што ќе се случи. Знаеме што значи Алисон за нас, но Адриан е со нас две недели и верувам дека е спремен. Искусен е, игра многу години во Премиер лигата, а ние секојдневно гледаме колку добар е на тренинзите. Имам доверба во него, мислам дека ќе ја заврши работата“, му даде поддршка капитенот на последното засилување.

Челзи е последната екипа која го совлада Ливерпул на „Енфилд“, 1-2 во третото коло на Карабао Купот минатата година.