ВИДЕО: Мане со херојски пенал, Сенегал преку Египет до историски трофеј на АКН!

Садио

Сенегал е победник на овогодишното издание на Афричкиот Куп на Нации, со победата по пенал рулетот во финалето против Египет (4-2 по пенали). Ова е прво славје во историјата на Сенегалците, кои претходно загубија во двете финалиња во кои настапија.

  • Извештај од натпреварот: 

Сенегалската репрезентација беше подобар ривал во првото полувреме. Уште по само седум минути игра имаше голема можност да го отвори резултатот. Садио Мане ја презеде одговорноста и го промаши пеналот, кој беше досуден по еден невнимателен фаул на Мохамед Абдел Монеим.

Очекуванот беше Мохамед Салах да биде најголема закана за сенегалскиот голман. Ѕвездата на Ливерпул упати еден опасен удар непосредно пред крајот на полувремето. Но, Едуард Менди одговори со солидна реакција и исфрли во корнер. И во продолжението Сенегалците притискаа и имаа повеќе од играта. Египетскиот тим чекаше шанса од контра напад, која не дојде до крајот на регуларниот дел од мечот. Победникот на крај се одлучуваше по продолженијата. 

Голманот Габаски имаше работа уште на почетокот од првото продолжение. Бамба Диенг биеше по земја, но одново египетскиот чувар на мрежата беше на вистинското место. Овие двајца беа во центарот на вниманието и неколку моменти подоцна и повторно поуспешен беше голманот на Египет. Последната закана пред пеналите ја имаше Зизо, кој биеше под пречката, но Менди исфрли во корнер.

Кулибали ја отвори серијата пенали и погоди со малку среќа за 1-0. Зизо возврати и израмни, а потоа следуваше промашување на Абделмонем, кој ја погоди стативата. Неискористен удар од белата точка за Сенегал имаше Буона Сар, па работите се вратија на почеток. Лашин промаши во дуелот со Менди, па Мане со својот удар донесе историска победа за својата репрезентација.

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Алиу Сисе

    Rui Vitoria