ВИДЕО: Мане се сеќава на најбрзиот хет-трик во историјата на Премиер лигата

Мане

Денешниот ден носи убави сеќавања за Садио Мане, напаѓачот на Ливерпул. Пред точно пет години, сенегалскиот интернационалец стана автор на најбрзиот хет-трик во историјата на Премиер лигата.

Ова достигнување до денес не е срушено, а се случи на натпреварот меѓу Саутемптон, тогашната екипа на офанзивецот, и Астон Вила.

Сане постигна три гола за само две минути и 56 секунди и го надмина рекордот на Роби Фаулер, кој во далечната 1994 година запиша хет-трик против Арсенал за четири минути и 33 секунди.

Ваквите изданија една година подоцна му овозможија да потпише со тимот на Јирген Клоп и да продолжи да испишува историја на „Енфилд“.