ВИДЕО: Мане како да се исплаши од Нојер и се посрамоти од ПЕТ МЕТРИ! 

Само неколку минути по големиот кикс на Алисон и пропуштената шанса на Кингсли Коман за водство на Баерн Минхен, Ливерпул имаше огромна шанса за да донесе домашна радост на „Енфилд Роуд“. 

Еден од најдобрите фудбалери на англискиот гигант оваа сезона, Садио Мане, среќно доби можност од непосредна близина да го совлада Мануел Нојер. Но Сенегалецот како да се исплаши од германскиот чувар и да се изненади од среќниот зицер, па испрати очаен удар кој заврши покрај голот на гостите. 

Погледнете ја големата шанса на Мане во 32. минута од мечот: 

Покрај овој обид на сенегалскиот репрезентативец, домашната екипа се закани и преку Мохамед Салах, кој не успеа да го реализира одличното долго додавање од Џордан Хендерсон.