• Сашо Поповски

Садио Мане е најзвучното засилување на Баерн Минхен во летниот преоден рок. Јулијан Нагелсман доби уште една квалитетна опција во нападот за следната сезона.
Сенегалецот по шест години си замина од Ливерпул. Во новиот клуб одлучи да го носи дресот со број 17, што изненади голем дел од фановите. Напаѓачот се одлучил за овој број меѓу слободните во баварскиот тим. Додека беше дел од англискиот гигант на грбот му стоеше „десетката“.
Германскиот првак за него плати 32 милиони евра, а потенцијалната сума би можела да прерасне до 41 милион со сите предвидени бонуси.
Мане со новиот договор со Баерн ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона.
Sadio Mané will wear the number shirt at #FCBayern #MiaSanMia
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) June 26, 2022