ВИДЕО: Мане го „изработи“ Ноер како мало дете пред очите на светот!

Англискиот премиерлигаш Ливерпул успеа прв да даде гол на гостувањето кај Баерн од Минхен (0-1), благодарение на Садио Мане и атрактивниот потег кој му претходеше на погодокот во мрежата на Баварците.

Топката ја имаше Садио Мане, а Мануел Ноер без причина беше далеку од својот гол. Се обиде да му ја одзеде топката на фудбалерот на „црвените“, меѓутоа Мане го изработи голманот како мало дете и погоди во празната мрежа.

Погледнете го голот на Ливерпул во Минхен:

Под водство на Клоп, Ливерпул нема ниту една елиминација во двомеч во европските натпреварувања.