Манџукиќ одлучи да се откаже од платата за март

Манџукиќ

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ поради повреда не е дел од натпреварите на Милан во изминатите неколку недели.

Поради тоа голгетерот одлучи да се откаже од платата за месец март. Овој гест го поздрави Паоло Скарони, претседателот на клубот.

„Прекрасен гест кој е доказ за голема етика и професионализам“, рече Скарони.

34-годишникот се надева дека наскоро ќе се врати на терените и ќе ѝ помогне на својата екипа во завршницата од сезоната.

Последниот настап на Хрватот датира од 18 февруари, кога „росонерите“ гостуваа кај Црвена Звезда во Лига Европа.