• Иван Димовски

Марио Манџукиќ го засили ростерот на Милан, па во наредните шест месеци ќе ја дели целта со екипата на Стефано Пиоли, која пред сè е враќање во Лигата на шампионите.
Хрватот кој по настапите во Катар остана без клуб, се враќа во Серија А каде ги бранеше боите на Јувентус. Иако играше за лутиот ривал, Манџукиќ го има потребното искуство со кое ќе допринесе на младите колеги, а по доаѓањето призна колку е среќен.
„Ќе ми биде чест да го носам дресот на „росонерите“ кој имаат толку историја. Можам да ветам дека ќе дадам сè од себе на секој натпревар и ќе се обидам да му помогнам на тимот. Спремен сум за борба“, изјави Манџукиќ.
34-годишникот стави потпис на шестгодишен договор со Милан, а истиот автоматски ќе се продолжи во случај на пласман во Лигата на шампионите, што е сè поизгледно.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.