Мандиќ: Во Мостар ќе биде уште полесно против Академија Пандев! 

Екипата на Академија Пандев неславно ги стартуваше своите настапи на европска сцена. На дебито во квалификациите за Лигата на Европа, тимот од Струмица загуби со 0-3 од босански Зрињски. 

Еден од најдобрите поединци на гостинската екипа, Станиша Мандиќ, по мечот не го криеше своето задоволство од постигнатиот резултат, а најави дека во Мостар ќе им биде уште полесно. 

„Генерално натпреварот беше тежок. Но, головите ги постигнавме навремено и заслужено стигнавме до високи 0-3. Дома, пред својата публика, ќе ни биде уште полесно против македонскиот тим“, рече стрелецот на еден од головите на босанскиот тим. 

Реваншот меѓу Зрињски Мостар и Академија Пандев ќе се игра за шест дена во Мостар.