Манчини: Во последните три години Белгија е најдобра во светот!

Со серија од триесет и еден натпревар без пораз, Италија во најдобра форма доаѓа пред четвртфиналето на Европското првенство. По трите победи во Рим, момците на Манчини ја совладаа Австрија во Лондон и сега во Минхен ги чека првата селекција на ФИФА ранкинг листата. Белгија на Роберто Мартинез. 

Пред натпреварот, селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, ја опиша Белгија како најдобриот тим на светот.

„Во последниве три години тие се најдобриот тим на листата на ФИФА. Ја почитувам Белгија, но, мора да играме како што знаеме, свесни сме за нашите можности,. Имавме тежок дуел со Австрија и заслуживме да победиме“, заклучи Манчини.

Се очекуваат неколку замени во стартниот тим и јавноста во Италија најавува дека шанса од првата минута ќе добијат Киеза и Кјелини.