Манчини повика многу „бисери“, но Италија сè уште ја водат Кјелини и Бонучи

Роберто Манчини се потпре на сенаторите од Јуве, Бонучи и Кјелини и ветеранот на Сампдорија, Фабио Кваљарела за стартот на квалификациите за ЕП 2020 година против Финска и Лихтенштајн.

Иако ово дресот со државниот грб повикани се многу млади момци, сепак некои од искусните фудбалери се во стројот. Верати, Бернардески и младиот Заниоло се останатите адути на Манчини.

  • Прес-конференцијата на Манчини во Коверчано: 

Заради повреда отпадна Инсиње, а не се повикани Белоти и Балотели и покрај добрата форма во своите клубови во февруари и март. 

„Кваљарела не престанува да ги тресе мрежите во Серија А. Може многу да ни помогне во претстојниот циклус, бидејќи е во фантастична форма“, рече Манчини на денешниот собир на „азурите“ во Коверчано.

Италија на 23 март на „Дачиа арена“ во Удине ќе ја пречека селекцијата на Финска, а три дена подоцна во Парма ќе ја пречека репрезентацијата на Лихтенштајн.

Европско првенство, Квалификации, Група J
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ИталијаИталија 10 10 0 0 37:4 33 30
2 ФинскаФинска 10 6 0 4 16:10 6 18
3 ГрцијаГрција 10 4 2 4 12:14 -2 14
4 Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина 1 10 4 1 5 20:17 3 13
5 ЕрменијаЕрменија 1 10 3 1 6 14:25 -11 10
6 ЛихтенштајнЛихтенштајн 10 0 2 8 2:31 -29 2