Манчини пак доби позитивен тест за коронавирус, нема да ја води Италија ниту во БиХ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, нема да ја води својата селекција ниту на последниот овогодишен натпревар, на кој „азурите“ бодови ќе бркаат во Лигата на нации ќе бркаат на гости кај Босна и Херцеговина. 

Медиумите од „чизмата“ информираат дека Манчини повторно добил позитивен тест на коронавирус, па неговите обврски во Сараево ќе ги извршува асистентот Албериго Евани.

Угледниот медиум „Ла Газета дело Спорт“ прв откри дека италијанскиот селектор сè уште е позитивен на коронавирус, иако поминаа две недели откако првиот тест беше позитивен. Поради оваа неочекувана вест Манчини ќе мора да остане во карантин и Италија против Босанците ќе биде предводена од Албериго Евани.

Во отсуство на Манчини, Евани запиша две победи со „азурите“, 4-0 на пријателскиот натпревар против Естонија, а потоа со 2-0 беше совладана селекцијата на Полска во Лигата на нации.