Манчини: Ова не е добра ждрепка за нас, Македонија одигра солидна групна фаза

Манчини

Македонија ќе се сретне со Италија во полуфиналето од баражот за Светското првенство 2022. Нашата репрезентација ќе мора по најтешкиот пат, ако сака да направи нов историски успех и да се пласира на Мундијалот.

Роберто Манчини не е задоволен од ждрепката, а за нашиот тим вели дека одиграл солидно во групната фаза.

„Не е добра ждрепка за нас, можеше да биде малку подобро. Португалија? Јасно е дека и ние и тие ќе треба да ги победиме Македонија и Турција. Бидејќи се работи за еден натпревар, никогаш не се знае.

Македонија одигра солидно во групната фаза. Мора да одиграме добро во полуфиналето, а потоа да мислиме на финалниот меч“, изјави селекторот на „аѕурите“.

Натпреварот во полуфиналето ќе го одиграме на 24 март наредната година. Ако бидеме успешни на гости кај италијанската репрезентација, ќе се судриме или со Турција или Португалија во финалниот меч од баражот.