Манчини од Аталанта во Рома, првата сезона ќе игра како позајмен играч

Екипата на Рома продолжува со збогатување на својот играчки ростер за следната сезона, откако денес го претстави своето најново засилување. 

Џанлука Манчини и официјално е нов член на „римската волчица“, но во следната сезона ќе настапува како позајмен играч од редовите на Аталанта. За оваа позајмица Рома ќе плати два милиони евра, а идното лето ќе следува целосен откуп на договорот и ќе плати дополнителни 13 милиони евра. 

Манчини со Рома ќе потпише договор до 2024 година, а Аталанта ќе има право на 10% од следниот негов трансфер. Младиот фудбалер не го криеше своето задоволство од преминот во поранешниот италијански шампион, велејќи дека Рома беше најдобриот избор за напредок на својата кариера.

За Аталанта настапуваше во последните две сезони, запиша 48 настапи и постигна шест гола.