Манчини: Не верувам во клетви, ќе се одмаздам за Македонија!

Италијанскиот тренер Роберто Манчини во опширно интервју за „Кориере дела сера“ говореше на повеќе теми, а исто така како се чувствувал по елиминацијата од Македонија во баражот за Светското првенство во Катар.

Александар Трајковски со еден гол ја реши средбата, а Манчини истакна дека решил да не замине затоа што сака одмазда. Негови следни цели се ЕП 2024 и СП 2026, исто и финалето во Лигата на нациите.

„Не верувам во клетви. Порано или подоцна, работите по Македонија ќе се сменат. Сакаме да играме на следното Светско првенство кое е за четири години и можеби да го освоиме. Останав затоа што сакам одмазда. СП 2026 е многу далеку да се размислува, фокусот ни е кон финалето на Лигата на нациите и на квалификациите за ЕП 2024 на кое сакаме да ја одбраниме титулата“, изјави Манчини.

Италија ќе има шанса да игра двапати со Македонија во квалификациите за ЕП 2024, а главен конкурент за лидерското место на табелата ќе биде селекцијата на Англија. Во групата се уште и Малта и Украина, што ја прават можеби најинтересна во квалификациите.