Манчини: Ќе ни годи година плус, оваа Италија може до титулата на ЕП

Периодот кој е сиромашен со спортски настани остави простор луѓето во овој свет да размислуваат на минатото и да кројат планови за иднината.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини имаше долго интервју за националната телевизија во кое изнесе интересни ставови и размислувања. Сепак, она што се издвои и верувањето на стратегот кој смета дека „азурите“ можат да ја освојат титулата на Европското првенство, кое од овој беше одложено за следниот јуни. 

„Разочарани сме што нема да играме Европско првенство ова лето, но тоа е предност за Италија. Ние сме млад тим и дополнителна година за изкуство ќе биде од корист. Мислам дека ние сме тим кој ќе претендира за освојување на титулата“, истакна Манчини. 

Италија требаше да игра на отворањето на Европскиот шампионат на средба која беше закажана за 12 јуни против Турција. 

Манчини успеа да ја разигра младата селекција на Италија и да направи компактна група каде преовладува добро расположение и тимска хемија. Иако се претпоставуваше дебакл на „азурите“ и црн период, тие успеаа да се пласираат на Европското првенство со десет победи од исто толку средби и пријатно да изненадат со играта.