• Мартин Танасковски
Италијанскиот стратег Роберто Манчини реши да ја прифати поканата на својот поранешен клуб Сампдорија и да стане советник, официјално технички консултант.
Манчини се враќа во клубот чиј дрес како играч го носеше со голем успех од 1982 до 1997 година. Сампдорија моментално е во Серија Б и е длабоко во долгови. Клубот должи 175 милиони евра, а ѝ се заканува и испаѓање во Серија Ц.
Сезонава во Сампдорија се случија три тренерски смени на клупата, а се најавува доаѓањето на Алберико Евани, поранешен играч за врска од златната генерација на Милан од 1980-тите.