Манчини избра: Балотели и Белоти „аут“, ветеранот Кваљарела „ин“

Италијанскиот селектор Роберто Манчини го објави списокот на фудбалери со кои ќе ги започне квалификациите за Европското првенство во 2020 година. 

Првпат по 2015 година во редовите на „азурите“ се враќа ветеранот Фабио Кваљарела, кој оваа сезона блеска во Серија А со 19 погодоци, додека од составот изоставени се помладите напаѓачи Белоти и Балотели. 

Список на Манчини за првите два натпревари: 

Селекторот на некогашниот светски и европски шампион најави дека без многу калкулации ќе ги започне овие квалификации и негова цел е што е можно побрзо да се обезбеди учество на континенталнот собир, за да не им се случи дебаклот од пред една година и неучеството на СП во Русија

Италија, квалификациите ги започнува против Финска на 23 март во Удине, додека три дена подоцна ќе гостува кај Лихтенштајн