• Иван Димовски

Манчестер Сити ја игра најтешката сезона под водство на тренерот Пеп Гвардиола — не беше кандидат за шампионската титула, релативно рано беше елиминиран од Лигата на шампионите и Лига купот, па финалето на ФА Купот против Кристал Палас, закажано за сабота, 17 мај (17:30 часот), останува единствената шанса за трофеј во натпреварувачката сезона 2024/25.
На шпанскиот стратег, освојување на барем еден трофеј му побегна само во првата сезона на Островот (2016/17), а сега ќе се соочи со гладниот лондонски клуб, кој двапати има загубено финалиња во најстарото фудбалско натпреварување (1990 и 2016) и кој е решен да направи чудо.
Палас блескаше во четвртфиналето и полуфиналето, победувајќи со по 3-0 против Фулам и Нотингем Форест, а во последниот месец прими само три гола на пет натпревари. Но, исто така добро се сеќава на средината на април и гостувањето на „Етихад“, кога прими пет голови од Сити, иако натпреварот го отвори со водство од 2-0.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Кристал Палас и Манчестер Сити
Веќе повеќе од три и пол години, поточно од октомври 2021, „граѓаните“ немаат загубено од Палас, но „орлите“ често знаеле да им земат бодови во Премиер лигата. Ако се погледнат последните осум дуели, Сити има четири победи, три ремија и еден пораз. Тоа може да биде основа за оптимизам за тимот на Оливер Гласнер, чиј тим на пет од последните шест меѓусебни средби постигнал по два гола против манчестерскиот гигант.
Скорешната историја на дуелите меѓу Сити и Палас најавува огномет и дожд од голови, но атмосферата може да ја промени фактот дека на маса е многу вреден пехар. Да не заборавиме дека минатиот викенд Саутемптон со одбрана успеа да му одземе бодови на Сити (0-0) и покажа колку му е тешко на Сити да пробие добро поставен блок.














