Манчестер Сити веднаш најде замена за творецот на најголемите успеси?

Манчестер Сити по крајот на сезоната ќе го напушти долгогодишниот спортски директор Чики Бегиристајн, кој планира да се пензионира по заминувањето од Сити.

Бегиристајн е спортски директор на Сити од октомври 2012 година, а претходно на истата функција беше седум години во Барселона, каде што исто така помина седум години од својата играчка кариера. За време на мандатот на Бегиристајн во Сити освоени се дури 21 трофеј, меѓу кои седум англиски титули и една Лига на шампиони.

Бегиристајн особено тесно соработуваше со Пеп Гвардиола, кого го донесе во клубот во 2016 година. Двајцата добро се познаваа од Барселона, каде прво играа заедно, а потоа соработуваа на ист начин како во Сити.

Фабрицио Романо доцна синоќа објави дека Сити брзо нашол замена за легендарниот оперативец. Хуго Виана, спортскиот директор на Спортинг Лисабон, е фаворит за наследник на Бегиристајн. Тој дојде на врвот на листата на Сити поради неговата одлична работа во Спортинг, каде донесе играчи кои се покажаа како големи засилувања: Ѓокереш, Диоманде, Хјулманд...