Манчестер Сити трошеше најмногу, во „топ десет“ има две изненадувања

Заврши зимскиот преоден рок, кој за разлика од некои претходни години, овојпат беше доста исполнет со информации, преговори, па дури и големи трансфери. Рекорден трансфер оваа зима е оној на Џон Дуран од Астон Вила во Ал-Наср за 77 милиони евра, додека веднаш по него е Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт во Манчестер Сити (75 милиони евра). 

<<< - ПОВРЗАНО - Заврши преодниот рок во топ-лигите: Еве ги најголемите 10 трансфери!

Манчестер Сити потроши најмногу оваа зима. Пеп Гвардиола и челниците на клубот ја сфатија сериозноста на кризата која го „тресе“ шампионот, па се потрудија добро да го засилат тимот. Најскапо засилување беше Мармуш, купен беше и Нико Гонзалез за високи 60 милиони, но дојдоа и уште неколку млади имиња. На сè тоа Сити потроши 218 милиони евра, што е убедливо најмногу. 

На второто место на листата се најде Ал-Наср со единствениот трансфер на Дуран, додека изненадувачки третопласиран е француски Рен. Овој клуб ги купи Секо Фофана за 20, Брис Самба за 14, Роалт за 13, Фурухаши за 12 милиони евра... Тоа не е крајот на изненадувањата во „топ 10“. Потоа следат ПСЖ, Ал-Ахли, РБ Лајпциг, Вулверхемптон, Комо, Брајтон и Милан

  • НАЈГОЛЕМИ ДЕСЕТ ПОТРОШУВАЧИ ОВАА ЗИМА:
  1. Манчестер Сити (218 милиони евра)
  2. Ал-Наср (77 милиони евра)
  3. Рен (74,65 милиони евра)
  4. ПСЖ (70 милиони евра)
  5. Ал-Ахли (59 милиони евра)
  6. РБ Лајпциг (55,5 милиони евра)
  7. Вулверхемптон (50 милиони евра)
  8. Комо (49,2 милиони евра)
  9. Брајтон (48,75 милиони евра)
  10. Милан (48,5 милиони евра)

Што се однесува до поделбата по лиги, очекувано премиерлигашите потрошија најмногу (447 милиони евра). Двојно помалку трошеа калчолигашите, околу 220 милиони евра, а потоа следат клубовите од француската Лига 1, па оние од Саудиска Арабија и „топ 5“ ги заокружуваат Германците. Изненадувачки скромни беа Шпанците со потрошени само околу 26 милиони евра.  

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.