Манчестер Сити тргнува по Пјаниќ, Гвардиола посакува стабилен среден ред

Пјаниќ

Првата понуда од Манчестер Сити до Јувентус за Миралем Пјаниќ беше одбиена. Но тоа не значи дека премиерлигашот ќе се откаже од својата намера да го доведе еден од подобрите фудбалери за врска во Европа.

Пеп Гвардиола се обидува на секој начин да го зацврсти средниот ред на екипата, а верува дека токму Босанецот ќе ја донесе потребната стабилност.

„Граѓаните“ најпрво понудија 50 милиони евра, сума, која италијанскиот шампион ја одби без размислување. 28-годишникот е проценет на 80 милиони од страна на раководството на „старата дама“.

Во изминатата сезона, Пјаниќ одигра 31 меч во Серија А и постигна пет гола.