Манчестер Сити пронајде резерва за Едерсон во Арминија

Англискиот првак Манчестер Сити пронајде втора опција за голманската позиција во Германија.

Штефан Ортега потпиша договор со „граѓаните“ и ќе биде замена за Едерсон. Тој доаѓа од редовите на Арминија.

29-годишникот во 2020 година беше блиску до германската репрезентација. На крај беше само резерва, во случај еден од тројцата голмани на Германија да биде спречен за настап.