Манчестер Сити ќе плати 70 милиони за Родри од Атлетико Мадрид

Родри

Младиот шпански фудбалер Родриго Хернандез Касканте, познат како Родри, побарал од Атлетико Мадрид ова лето да си замине од екипата.

За него постои интерес од Манчестер Сити кој е подготвен да плати дури 70 милиони евра. Пеп Гвардиола е заљубен во играта на 22-годишникот и по секоја цена сака да го види во својот тим наредната сезона.

Играчот за врска го гледаат како наследник на Серхио Бускетс во репрезентацијата на Шпанија. 

Неговиот договор со „јорганџиите“ истекува во 2023 година, а тие се обврзани да го пуштат доколку биде платена откупната клаузула од 70 милиони евра.