• Иван Димовски
Во последното коло на Премиер лигата, Манчестер Сити влегува држејќи ги клучевите од шампионската трка со Арсенал во свои раце. Ако го совладаат резултатски незаинтересираниот Вест Хем, избраниците на Пеп Гвардиола ќе ја одбранат титулата првак на Англија. Реми би ги довело во незгодна ситуација бидејќи Арсенал има подобра гол-разлика и ако го совлада Евертон дома би бил шампион.
Гледајќи наназад на дуелите со „чеканите“, тоа не би требало да биде голем проблем за „граѓаните“. Последен пат кога пред своите навивачи загубија од овој ривал беше во 2015 година. Значи речиси деценија Вест Хем не замо што не славел против Манчестер Сити на „Етихад“, туку нема ниту бод.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Манчестер Сити и Вест Хем
„Чеканите“ успеваа да останат непоразени од Сити, но и да губат со по четири-пет гола разлика. Во последните два дуели Манчестер Сити славеше со 3-1 и 3-0. Есеноска Вест Хем успеа да поведе и да оди на одмор со предност, но во продолжението прими три гола. Со оглед на важноста на овој дуел за домаќините, може повторно да се очекува голеада од Ерлинг Халанд и соиграчите.
Гвардиола нема многу проблеми околу составот, освен тоа што Кевин де Брујне се повреди против Тотенхем. Под знак прашалник е и голманот Едерсон кој доби удар в глава.