Манчестер Сити го продава најскапиот фудбалер во клупската историја

Манчестер Сити се подготвува за разделба со најскапиот играч во клупската историја. Џек Грилиш беше платен огромни 118 милиони евра за трансферот од Астон Вила, но и покрај одредени спектакуларни изданија за „граѓаните“, се чини дека никогаш целосно не ги оправда вложените средства. 

Договорот со повремениот англиски репрезентативец истекнува следната година, но повеќе од извесно е дека нема да го одработи до крај. Како можни следни дестинации се споменуваат Њукасл Јунајтед и Тотенхем, па дури и „кам-бек“ во матичната Астон Вила. Сити веројатно ќе го продаде за сума од 30 или 35 милиони евра, што е за трипати помалку од тоа што го инвестираше во него. 

Грилиш е дете на Астон Вила и за клубот од Бирмингем одигра над 200 мечеви во сите конкуренции, а во Манчестер Сити настапи на 97 премиерлигашки натпревари и постигна дванаесет голови.

Ја освои Премиер лигата, а исто така го крена и трофејот во Лигата на шампионите. Англичанецот е деветтиот најскап фудбалер на сите времиња.