Манчестер Сити го прави најдобриот играч најплатен Британец во историјата

Екипата на Манчестер Сити подготвува нов договор за играчот на сезоната Фил Фоден со кој тој ќе влезе во историјата.

24-годишниот Фоден има договор со „граѓаните“ до 2027 година, а во моментов неделно заработува 200.000 фунти. Челниците се задоволни од неговите игри и така ќе му дадат нов договор според кој ќе добива 375.000 фунти.

Договорот треба да биде официјализиран по крајот на ЕП 2024. Со новиот договор, Фоден ќе стане најплатениот британски играч во историјата.

Фоден минатата сезона одигра 52 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања и даде 27 гола.