• Мартин Танасковски
Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва е новиот капитен на Манчестер Сити, пренесе „ESPN“, повикувајќи се на извори блиски до клубот. Одлуката ја донел менаџерот Пеп Гвардиола, по заминувањето на Кевин де Брујне, кој досега ја носеше капитенската лента.
Во капитенскиот тим на „граѓаните“ ќе бидат и Родри, Ерлинг Халанд и Рубен Дијаш, кои ќе ја имаат улогата на заменици на Силва.
Бернардо Силва, кој ова лето полни 30 години, е дел од Манчестер Сити од 2017 година. Во текот на овие седум сезони, тој има одиграно 404 натпревари за клубот, постигнувајќи 72 голови. Со тимот од Манчестер освои дури 17 трофеи, вклучувајќи и титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Купот на Англија.