Манчестер Сити го „грабна“ еден од најталентираните англиски фудбалери

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на еден од најталентираните англиски фудбалери. Станува збор за 17-годишниот крилен напаѓач Џереми Монга, кој и официјално потпиша договор со „граѓаните“ до летото 2031 година.

Монга пристигнува од Лестер во трансфер вреден 12 милиони евра, со можност сумата дополнително да се зголеми преку бонуси.

„Веднаш знаев дека Манчестер Сити е вистинскиот избор за мене. Ова е остварување на сонот на секој млад фудбалер. Клубот во последната деценија покажа дека им дава шанса на младите, а тоа беше еден од главните мотиви да дојдам тука. Пресреќен сум што станав дел од Манчестер Сити“, изјави Монга по потпишувањето на договорот.

Младиот англиски репрезентативец минатата сезона одигра триесет натпревари во дресот на Лестер, а веќе има и десет настапи за младинската селекција на Англија.